Миовски во тимот на колото во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во неделата, го предводеше Абердин до првата победа сезонава во Премиер лигата на Шкотска.

Миовски постигна два гола и зебележа една асистенција во триумфот на Абердин над Рос Каунти (4:0).

Заслужено Миовски се најде во тимот на колото. Покрај него, во најдобрите 11 се и неговите соиграчи Јенсен и Дјук. Интересно, тројцата играчи на Абердин, од Софаскор добија идентична оценка (8,7).

Абердин по шест кола се наоѓа на претпоследното место на табелата со пет бода.

Претходна вестМаркетите што не ги намалиле цените ќе бидат затворени пет дена
Следна вестУкраина тврди дека го убила командантот на руската Црноморска флота