Поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски заедно со Јасмин Чамџиќ до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе го водат германскиот ракометен клуб Вецлар. За Миркуловски оваа одлука е сосема логична со оглед на тоа дека на клубот му преостануваат уште неколку натпревари.
– Нема многу време за воведување нови работи пред крајот на сезоната. Така што одлуката ја гледам како логична. Во Вецлар сум осум години, „Јашко“ уште подолго. Знаеме кои играчи што и кога можат да направат на теренот. Тоа е голема предност. Апсолутно сум сигурен дека ќе успееме како тим, вели Миркуловски за клупскиот сајт.
За клубот Вецлар остануваат уште осум натпревари во најсилното германско првенство со цел да обезбеди опстанок.
Моментно клубот во бундеслигашката табела се наоѓа на засега сигурното 16 место со 13 бодови, пред Минден (11) и Хам-Вестфален (5) кои се во опасната зона за испаѓање.