Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека во земјата треба да се одржат предвремени парламентарни избори, ако е можно, и заедно со локалните, за да се обезбеди стабилно владино мнозинство.
-Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим, дека е заглавена во корупција и е на 111-то место. Според сите останати други скали на мерења, по број на странски инвеститори, по пад на економија, ние уназадуваме или сме на дното во регионот, изјави денеска Мицкоски.
Но затоа, прашан за пописот, рече дека тој треба да се спроведе дури следната пролет, во март или април 2022, за да се користат терминалите за отисоци од прст од локалните избори.
Тој уште еднаш го повтори предлогот за електронски попис и повторно рече дека неговата партија никогаш не била за бојкот на пописот.
Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ ја доставила денеска во Собранието иницијативата за собирање потписи за поништување на Законот за попис.