Мицкоски не знаел дека е забрането да се седи внатре во кафеана

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бил затечен во внатрешен дел од ресторан во Дебар Маало. Имено, откако Државниот пазарен инспекторат објави дека на инспектори им било попречено да направат надзор во кафеаната, а после два часа од неа излегол партиски лидер, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, призна дека тој бил во ресторанот.

Мицкоски на „Фејсбук“ напиша дека не ги знаел протоколите за работа на угостителските објекти и дека е спремен да плати казна.

-Во услови кога имаме вистинска катастрофа од ширењето на корона заразата и целосно фијаско на власта која е дезориентирана и не е ефикасна, таа се занимава со тоа дали сум ручал внатре или надвор во ресторан, притоа комплетно покажувајќи го на дело нејзиното нечесно лице и инсталации. Дефокусирајќи ја јавноста со таа “епска битка” на специјалците од ЕБР, со вработените од ресторан, јавувајќи се по медиуми, да прават приказна од нешто каде нема и низа други дезинформации, со цел да се дефокусира вниманието од вистинската катастрофа со животите на граѓаните, предизвикана од неспособната власт.

Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи. Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа, напиша Мицкоски.

Претходна вестУтрово почнаа редиците пред маркети: требаше понавреме да соопштат за полицискиот час
Следна вестСекој четврти активен случај на вирусот во Скопје е од Чаир