Мицкоски од факултет директно во Собранието, да види што е со кворумот

Лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред малку влезе во парламентарната зграда откако таму е во прекин седницата за гласање на доверба на Владата. Тој не сакаше да ја коментира настанатата ситуација во која Кастриот Реџепи од Беса не дојде во Собранието и со тоа наместо 61 пратеник колку што се потпишаа на иницијативата за недоверба на владата, во салата имаше 60 пратеници односно не беше обезбеден кворум.

Мицкоски, кога влегуваше во македонскиот парламент, беше прашан од новинари од ТВ 21 дали ќе има замена за Реџепи за да опозицијата обезбеди 61 пратеник за изгласување на недоверба на Владата.

– За современиот, нека му е лесна земја, Амди Бајрам, кусо одговори-праша Мицкоски.

Тој воедно додаде дека бил на предавања на факултет и во собранието ќе дознае што точно се случувало.

Претходна вестОпозицијата во потрага по 61-от пратеник, Кастриот Реџепи од Беса најави дека не доаѓа
Следна вестИ Касами од БЕСА влезе во Собранието: Од ништо не сум изненаден