Собирањето на потписи од граќаните со кои се спротивставуваат на пописот тече успешно. Ова го потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој објави на Фејсбук дека само за неколкку часа на повеќе од 300 локации во Македонија биле собрале 25.000 потписи од граѓани.
-Собрани се 25 илјади потписи за неколку часа, во над 300 локации. ВМРО-ДПМНЕ и народот собраа 25 илјади потписи за неколку часа. Благодарност до сите што се потпишаа. Македонија не сака фалсификат попис. Народот се потпишува против фалсификат попис. Продолжуваме и утре! Јасна е пораката, и за пописот, и за Владата, и за Заев. Потпис за вистински попис, напишал Мицковски.