Косовец удрил во малолетен пешак вчера во Гостивар. Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди.
– Вчера на крстосницата на улиците „18 Ноември“ и „Београдска“ во Гостивар, автомобил „опел“ управуван од косовскиот државјанин со престој во Гостивар Е.Х.(25), удрил во малолетен пешак од Гостивар, информираат од МВР.
Од полицијата додаваат и дека во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.