Млада жена заврши во болница откако ја натепале две жени

Во болница е пренесена млада жена од Волково откако завчера била нападната и натепана од две жени во оваа скопска населба, соопшти МВР.

-На 27.08.2022 во 22.07 часот во СВР Скопје од Градската општа болница “8 Септември” било пријавено дека кај нив била донесена Т.Ј.З.(28) од Скопје со повреди здобиени од физички напад. Според пријавеното, истиот ден околу 11.00 часот во селото Волково таа била физички нападната од две женски лица, велат од МВР.

Полицијата работи на расчистување на случајот, се додава во соопштението.

Претходна вест196 санкционирани возачи во Скопје, 17 возеле без возачка дозвола
Следна вестВо Белград се маршираше против Европрајд