Од четврток ќе биде отворен пункт за вакцинација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), а вакцинацијата ќе се врши со кадарот од Универзитетската амбуланта. Целта е да се подигне свеста за имунизацијата кај младите.
-Нашите анализи покажуваат дека расте опфатот со вакцинација пред сè кај повозрасните граѓани. Затоа сега ставаме акцент на важноста да се вакцинираат и помладите граѓани. Сега тие се таа категорија која е помалку заштитена. Вирусот се шири меѓу нив и тие можат да го шират вирусот во своите семејства. Битно е младите да се социјализираат, знаеме колку животот им се промени изминатиов период со тоа што немаа социјални контакти, не одеа во училиште… Затоа и за помладите важи правилото дека само со вакцинацијата можат да ги нормализираат целосно животите,
рече Филипче на прес-конференцијата заедно со студенти од Медицинскиот факултет.