Многу фудбалски зналци му посакуваат на Меси да стане шампион на СП

Лионел Меси го игра последното Светско првенство на кое со својата Аргентина успеа да стигне до завршната фаза, финалето, што значи дека ќе има уште една можност да ја освои популарната Божица која му избега пред осум години.

Многу познавачи на фудбалот низ светот посакуваат тој и неговата Аргентина да бидат шампиони, бидејки тоа ќе биде круна на големата фудбалска кариера на Лео.

Светскиот шампион со Бразил од 2002 година ѕвездата – Ривалдо посака токму Меси ќе го освои Светското првенство оваа година во Катар.

– Бразил и Нејмар ќе ги нема во финалето на СП, па ќе навивам за Аргентина. Меси, имам порака за тебе. Заслужи да бидеш светски шампион. Господ знае се и ќе те награди во недела. Заслужи да ја освоиш титулата, Ривалдо напиша на „Твитер“.

Исто така со поддршка за Меси се јави и хрватскиот фудбалер Лука Модрич кој на пресконференцијата после натпреварот со Аргентина ја даде следната изјава:

– Меси? Му посакувам се најдобро во финалето. Тој е еден од најголемите и му ја посакувам цела среќа во финалето, – изјавил Модриќ.

Се огласи и неверојатниот голгетер Луиз Суарез:

-Никогаш не се уморувај докажувајќи дека си најдобар на светот. Целиот свет ќе стане и ќе му даде аплауз на овој човек и што тој даде на фудбалот. Неверојатно, пријателе мој, кажа Суарез.

Слично велат и други познати фудбалери.

Претходна вестДебар Маало новогодишно украсено во чест на Горан Стефановски, „ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да не’ осветли неговата искра“
Следна вестДали Роналдо се враќа во Реал, тренирал во неговиот камп?