МНР со реакција на регрутирањето борци преку Украинската амбасада

Министерството за надворешни работи предупредува дека учеството во која било туѓа  војска е кривично дело, откако преку украинската Амбасада се регрутираат лица кои би биле дел од Меѓународната легија – војска од странци кои би се бореле на страната на Украина.

-Како земја пријател на Украина имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили. Сепак, Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните на Северна Македонија дека учеството во  која било туѓа војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело, соопштија од МНР.

 

Претходна вестУкраина обвинува за бомбардирано породилиште, Русија обвинува за програми за биолошко оружје
Следна вестМаските во школите остануваат, Комисијата смета дека е рано да се расправа за тоа