На три дена пред истекот на валидноста на пасошите со старото уставно име, се воведува втора смена и работа во сабота и недела, а се испраќаат на испомош и дипломати во дипломатско-конзуларните претставништва на земјава каде се ичекува поголем број на македонските граѓани со барања за издавање на патни исправи и патни листови за да можат да се врата во земјава и по 12 февруари.
Во моментов најголем наплив на апликации има во Бон, досега 8.300, потоа следат Берн, Берлин, Минхен, Венеција, Виена, Рим, Љубљана. Според МНР, во дворовите на овие амбасади постојано има по 300 луѓе кои чекаат пасоши.
Во дипломатски претставништва во Германија и Италија се испраќаат и две дополнителни мобилни станици за издавање на пасоши.