Момче од Флорида ја избодело својата мајка додека таа спиела

Тринаесетгодишно момче од Флорида, обвинето дека со нож ја избодел својата мајка додека спиела, е обвинет за тешко убиство. Дерек Роса наводно ја убил својата мајка на 12 октомври во нивниот стан во Хиалеа пред нејзиното новороденче. Роса е обвинет за убиство од прв степен од страна на големата порота во округот Мајами Дејд, која го проследила неговиот случај до системот на кривични суд за возрасни, објави „Ен-Би-Си“.

Роса го имал своето прво судење во петокот на сослушување за кауција. Тој бил задржан без обврзница и префрлен во малолетнички притвор. На рочиштето во негово име сведочеле неговиот татко и баба со надеж дека судијата ќе го пушти во домашен притвор.

Полицијата во Хиалеа соопшти дека трагедијата се случила околу 23:30 часот на 12 октомври и дека полицајците реагирале откако добиле повик од тинејџер кој рекол дека ја убил својата мајка. Полицајците ја пронашле неговата мајка (39) мртва во спалната соба до креветчето каде било пронајдено неповреденото дете старо само 14 дена.

Снимката од повикот во полиција до која дојде Ен-Би-Си открива дека Роса го фотографирал телото на неговата мајка и ги испратил на пријател на социјалните мрежи. На аудио снимката се слуша како Роса барал од службеничката да испрати полиција во неговиот дом, но велел дека не си ја знае адресата.

Гласот му бил забележливо растреперен. Операторот од полицијата го прашал: „Треба да знам дали вашата мајка дише“, на што тој одговорил: „Госпоѓо, таа е мртва“, додавајќи дека има „крв на подот“.

Тој рекол дека неговата новородена сестра спиела во нејзиното креветче. На прашањето дали ја повредил, тој одговорил: „Не ја допрев, не сакав да ја допрам сестра ми“.

Роса кажал дека неговиот очув имал два пиштоли, еден што го зел со себе од куќата и еден што го оставил во куќата. Тинејџерот објаснил дека сакал да се самоубие и го наполнил пиштолот, но сепак не можел и го оставил на масата.

На Роса му се заканува доживотен затвор доколку биде прогласен за виновна, бидејќи Врховниот суд на САД пресуди дека смртната казна за малолетниците е неуставна.

Претходна вестЗемјите од ЕУ си воведуваат контроли на меѓусебните граници – си поставуваат војници со оружје, панцири…
Следна вестАкција „Синџир“, се апси во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид