Момче од Кочани зело седум брзи кредити со туѓи податоци

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 26-годишно момче од Кочани кое успеал со туѓи податоци да земе седум брзи кредити.

Кривичното дело злоупотреба на лични податоци и измама тој ги сторил во периодот од 03.03.2020 до 02.04.2020 година, откако претходно ги набавил личните податоци и податоците за трансакциска сметка на В.С. од село во кочанско, и без негова согласност ги искористил во седум наврати за да аплицира за брзи кредити во различни финансиски друштва.

Потоа, го убедил оштетениот дека треба да добие прилив на парични средства од неговиот татко, кој е на привремена работа во Италија, и заради блокирана сметка побарал парите да бидат исплатени на негова сметка. Така го навел да му ја даде дебитната картичка од каде подигнал 125 453 денари, информираат од МВР. 

 

Претходна вестДИК: Досега собрани потписи за 21 независен кандидат за градоначалник и 42 листи за советници
Следна вестСе степале мигранти, едно лице прободено со нож