Темен режим Режим на светлина

Се степале мигранти, едно лице прободено со нож

Еден мигрант е повреден со нож во тепачка со други мигранти што се случила на Железничката станица во Куманово.

Според информациите на МВР, вчера од Полициската станица Драчево било пријавено дека биле пронајдени шест мигранти на железничка пруга во Драчево.

По извршениот разговор со нив било констатирано дека во близина на Железничката станица во Куманово биле физички нападнати од три лица, исто така, мигранти, при што на едно од лицата му нанеле убодна рана од остар предмет и му украле пари. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош

Момче од Кочани зело седум брзи кредити со туѓи податоци

Следна објава

Од Сирија, Пакистан, Авганистан, а сега и од Замбија: Девет мигранти пронајдени во штипско село