МОН: Вработените на УКИМ од месецов ќе имаат плата повисока за 22 отсто, зголемување ќе им се исплати и за јануари

Вработените на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од овој месец ќе добиваат повисоки плати во просек за околу 22 отсто, а ретроактивно ќе им се исплати и разликата за месец јануари, соопшти денеска Министерството за образование.

Во инфорамцијата се наведува дека тоа се однесува на околу 3.000 професори, асистенти, административни и технички лица.

-Дополнително зголемување за одреден процент ќе има и од месец март, кога е предвидено и зголемување на минималната плата во државата, се додава во соопштението.

Станува збор за обврска согласно колективниот поединечен договор потпишан помеѓу Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија како основач на високообразовната установа, а чија цел е унапредување на правата, можностите и материјалната состојба на вработените на универзитетот.

-Примената на договорот се очекува значително да ја подигне мотивацијата за работа и квалитетот на наставно – научниот процес, во интерес на студентите и создавање што поквалитетни генерации кои успешно ќе се интегрираат и ќе раководат со општествените процеси, велат од МОН.

Претходна вестБиткоинот со најголема вредност во последните две години – 56.000 долари
Следна вестКривични пријави за тројца малолетници кои претепаа дете во трговски центар во Скопје