Морнар се откажува од АБА лигата, шанса за МЗТ Скопје

Според пишувањата на црногорски медиуми, екипата на Морнар од Бар се откажува од АБА лигата. Клубот веројатно има финансиски проблеми, па голема е веројатноста дека нивното место ќе го заземе друг клуб, а тоа може да биде македонскиот шампион МЗТ Скопје.

Морнар е редовен учесник на регионалната лига од 2016 година, а поради немањето средства за наредната сезона ќе го отстапи местото на некој друг клуб. Во минатата сезона Морнар се бореше за опстанок со Борац и МЗТ Скопје во последните две кола, сепак, македонскиот шампион испадна. А доколку Морнар дефинитивно отстапи од лигата тогаш тоа е шанса за МЗТ Скопје да се врати во најсилната АБА лига.

Одлука се очекува да биде донесена во следните петнаесетина денови.

Претходна вестЃорче Петров фино објаснил колку вредат српските и бугарските аргументи за Македонците
Следна вестТатко ја терал да питачи малолетната ќерка