Темен режим Режим на светлина

Татко ја терал да питачи малолетната ќерка

39-годишен кичевец, jа терал да питачи и ја запоставувал малолетната ќерка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 11.00 часот во ОВР Кичево од слобода бил лишен Џ.Д.(39) од Скопје. Тој се сомничи за запоставување на својата должност за грижа и воспитување на неговата малолетна ќерка, која ја терал да врши питачење.

Полициски службеници, заедно со претставници на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, извршиле разговор и со малолетничката, а по целосно документирање на случајот против нејзиниот родител ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Морнар се откажува од АБА лигата, шанса за МЗТ Скопје

Следна објава

35-годишник ја демнел неговата поранешна вереница