Мотоциклист починал откако паднал од коловозот на патот Градско-Прилеп

Вчера околу 13,25 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско–Прилеп, кај место викано „Тројаци“, А.Ш. (38) од с. Добри дол, гостиварско, управувајќи мотоцикл „априлија“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница-Прилеп, каде починал.

За настанот е известен Јавен Обвинител. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Претходна вестЏафери нема да избега од процедурата ако се соберат потписи за референдум за уставни измени
Следна вестДали ТВ-презентерка Бесмира Ејупи е вработена во МНР?