Мотоциклист усмрти 74-годишна жена, ја удрил додека одела пеш

Скопјанка загина по удар од мотоцикл во текот на вчерашниот ден, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Околу 12.20 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, пријавено било дека на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на крстосницата со булевар „Гоце Делчев“ во градот, мотоцикл хонда со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.С., (26) од Скопје, удрил во пешакот А.И..


-Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 74-годишната А.И.. Од страна на лекар од Итната медицинска помош, констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје, појаснуваат од МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР – Скопје.

Претходна вестДедо во инвалидска количка заврши во болница откако бил удрен од автомобил
Следна вестКонгресот на СДСМ се одложи на неопределно