Моторџија тешко повреден по удар во тротоар

Со тешки телесни повреди се здобил моторџија кој синоќа доживеал сообраќајна несреќа во Велес, соопшти полицијата.

-На 04.10.2020 во 23.00 часот било пријавено дека на ул.„Алексо Демниевски“ во Велес, А.С.(24) од Велес, управувајќи мотоцикл „баотиан“ со велешки регистарски ознаки, удрил во бетонски рабник и паднал на коловозот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, се наведува во инфорамцијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Претходна вестЗа неносење маска казни за 750 граѓани
Следна вестБугарски интелектуалци против бугарскиот меморандум: „Европа не нè разбира”