Мотоциклист загина на булеварот „Киро Глигоров“

Мотоциклист од Скопје загинал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа по 23 часот на булеварот„Киро Глигоров“, соопшти полицијата.

Во информацијата се наведува дека во несреќата учествувале моторно товарно возило „Мерцедес“ со српски национални ознаки со полуприколка управувано од А.К. (41) од Република Србија и моторцикл „Каваски“ управуван од М.П. (32) од скопско село Стајковци.

-Во незгодата моторциклист починал на лице место. Извршен е увидот, соопшти полицијата.

Претходна вестВелосипедист тешко повреден во скопско Батинци
Следна вестВладата сака ли граѓаните да гледаат црн ТВ екран или да си имаат програми?