Можат ли новите имиња на улиците да ги покријат нивните стари дупки?

Многу скопски улици имаат многу дупки кои треба да се поправат. Се чека снегот да се истопи, но и градоначалниците да се сетат на улиците.

Да, Градот Скопје вчера се сети на улиците – ќе им става нови имиња. Беше соопштен список од 571 име на личности и настани од кој ќе се црпат имињата за нови улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, но и ќе се враќаат наместо оние со кои биле преименувани пред повеќе години. Избрани се од околу 1.600 предлози кои биле доставени од граѓаните и институциите на повикот од Градот Скопје.

Но, дали тие предлози ќе бидат по вкусот и на опозицијата во градскиот Совет и се отвора ли можност кога таа ќе дојде на власт пак да се случи објавување на јавниот повик за нови имиња, пак создавање на фонд на имиња, пак преименувања?

И едно уште поважно прашање:

Во каква состојба се постоечките улици?

Некои се реновираа, ама повеќето се полни со дупки. Со нови имиња на улиците не се крпат дупките. Потребен е план, механизација, асфалт, работа… 

Претходна вестБившо Матично стана Младински центар
Следна вестВо болниците во земјава се лекуваат 616 пациенти со ковид – во Скопје примени 33 нови