Чистотата во скопски Аеродром не е баш како што треба. Има многу ѓубре расфлано на разни места, има чести мини депонии околу контејнерите… До кога вака? Па нели Аеродром се самофали дека е најурбаниот и најдобар дел од Скопје?
Наместо посериозно решавање на проблемот, општина Аеродром и градската „Комунална хигиена“ изминативе денови имаа вербална војна околу нехигиената на подрачјето на оваа општина. Општиското раководство обвини дека градското претпријатие „Комунална хигиена“ не го собира отпадот и покрај нивните апели и писмени барања до градот Скопје.
-За жал, главните улици и контејнери кои се во надлежност на Градот Скопје повторно се неисчистени и во лоша состојба… Градската администрација и градското комунално претпријатие и понатаму продолжуваат со неодговорниот однос кон јавната хигиената во општината, соопшти Општина Аеродром.
На ова, меѓутоа, стаса демант од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во кое се вели дека редовно ги празни контејнерите на територијата на Општина Аеродром.
-Контејнерите кои се надлежност на „Комунална хигиена“ се целосно исчистени, редовно и без отстапки. За жал, општинската служба поради неспособното раководство на општината Аеродром е нефункционална, соопштија од градското комунално претпријатие.
И, како што може да се забележи на терен, овие соопштенија не помогнаа општината да биде почиста. Со пишување скоро ништо не се смени. Малите „депонии“ пак си егзистираат покрај поставените контејнери. Тоа може да се види ако се прошета околу ТЦ „Бисер“, и од другата страна на булеварот зад ТЦ „Капитол“, па… А се е тоа во центарот на оваа општина. Ѓубре има и на кејот, на улиците…
Соопштенијата дефинитивно не можат да го чистат Аеродром. Некој треба да засука ракави. И порака до двете раскарани страни – доста е со расправии кој треба да биде тој што ќе чисти. Решете го тој проблем, за да потоа го решите поголемиот проблем– недоволната нехигиена во општината.
И аеродромците треба да разберат…