Веста дека е хакиран компјутерскиот систем на Министерството за образование вчера ја возбуди јавноста во Македонија. Грчките хакери коишто себеси се нарекуваат Powerful Geek Arms, објавија во твит дека пред два дена наводно успеале да ја пробијат заштитата на компјутерскиот систем на македонското Министерство за образование и наука. Во објавата, покрај снимката којашто би требало да ја потврди веродостојноста за кибернетичкиот напад, се наведува и дека е преземена контролата врз базата на податоци на министерството. Според Твитер профилот „Моќна грчка армија“ хакерскиот напад бил пренесуван во живо од страна на грчките хакери при што беа прикажани снимки од внатрешните простории на МОН.
Вчера од Министерството за образование за дел од медиумите изјави дека имало само „обид за хакерски напад“
-Но, објавените видео снимки од страна на Твитер профилот „Моќна грчка армија“ не се земени од министерството, затоа што тие воопшто и немаат безбедносни камери, соопштија тие.
Меѓутоа, ваквото објаснување е недоволно за јавноста. Ако имало обид за хакерски напад треба да се објасни и дали тој обид бил целосно спречен или, пак, е спречен во некоја од фазите. Односно, да се објасни дали базите на податоци на МОН се сигурни. Дали секој кој е малку повичен во компјутери може да ги види оценките на сите деца во Македонија?
А инаку, како стојат работите околу компјутерската заштита во другите мнинистерства?