Јавната администрација годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15,за што се одредени дополнителни 230 милиони денари.
Иако администрацијата речиси цела година работеше или целосно од дома или со ротации, премиерот Зоран Заев денеска рече дека тоа е обврска од потпишаните колективни договори во 2019 година и мора да се исполни.
– Во моментов имаме околу 132 илјади, а пред четири пет години имаше околу 160.000 вработени во јавната администрација. Очекуваме наскоро да стапи во сила и законот за задолжително пензионирање на 64 години, што ќе влијае дополнително на намалување на самата бројка, рече премиерот Заев, додавајќи дека нема зголемување на бројот на јавната администрација, односно дека таа се рационализира.