Заев не разбира зошто протестираат од ВМРО-ДПМНЕ

Да правите протести со 15 возила и 20 луѓе, 13 возила и 14 луѓе само за да се блокира сообраќајот низ градовите е порака која што никако не можам да ја разберам, вели премиерот Зоран Заев за протестите кои денеска ги започна опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ќе траат во следните три дена, со барање Владата да објави за што се преговара во моментов со Бугарија.

– Навистина очекувам она што е најмалку, е да се помогне во ова, наместо да се блокира. Но, не е ништо ново. Во последните четири години од ВМРО-ДПМНЕ освен блокади, освен кочници, освен правење опструкции на важните процеси коишто ја гарантираат македонската иднина и во нашите интеграции и во делот на економскиот стандард и економските перспективи, немаме видено ништо друго, рече Заев.

На прес-конференцијата во Владата, тој рече дека со Бугарија разговараат за патоказот, при што се водат разговори на секторско ниво за изградба на железниците, патиштата, Коридорот 8 и конекцијата меѓу двете земји, соработката помеѓу министерствата за култура, за образовани и наука, за труд и социјална политика и за здравство, како и помеѓу агенциите за млади и спорт и националните радиодифузни сервиси.

Претходна вестМоже не работеа целосно годинава, ама административците ќе си земат К-15
Следна вестУтре без вода делови од Кисела Вода и Карпош