Можно е продолжување на пописот?

Нема пречки да се свика итна седница на која би се разгледала можноста за продолжување на пописот, но треба да се достави предлог од Владата или од група пратеници и да има политички консензус меѓу сите политички партии во Собранието, вели претседателот Талат Џафери, откако диреккторот на Државниот завод за статистика најави дека е можно да се обара тоа, поради застојот какорезултат на хакерскит напади.

Џафери вели дека непишано правило е Собранието да не работи во изборна кампања, но ако има итна потреба, ќе заседава.

Согласно процедурите, ваква итна седница може да свика претседателот на Собранието, но вообичаено вакви седници се свикуваат со барање на 20 пратеници.

Доколку би се побарало продолжување, според Џафери, тоа треба да биде направено во следните два дена имајќи предвид дека пописот законски треба да заврши на 30 септември.

Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората.

Денеска е 24-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности.

Претходна вестДемнат измамници со огревно дрво – фатен еден од ланската сезона
Следна вестОтворајте четири очи кога купувате стан – вработен во агенција земал капар и си го ставал в џеб