Отворајте четири очи кога купувате стан – вработен во агенција земал капар и си го ставал в џеб

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против 47-годишен скопјанец вработен во агенција за недвижности поради измама.

Во периодот од јули до септември лани тој измамил две жени од Скопје. Тој тоа го направил откако им зел капар за продажба на два стана во изградба, но  земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен.

Тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 110.000 денари, соопшти МВР. 

Претходна вестМожно е продолжување на пописот?
Следна вестТрета доза вчера примиле 69 граѓани