МПЦ-ОА ги повика верниците на протест: Законите за матична евиденција и родова еднаквост се закана за општеството и семејството

Повик до верниците на протест против предложените закони за матична евиденција и родова еднаквост упати вчера Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА. Владиците изразиле жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале неодамнешното соопштение од сите верски заедници во земјава, кои претставуваат над 95 отсто од населението.

-Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството. Негативните последиците од ваквите закони веќе ги согледуваат најстарите демократски општества во светот каде веќе се предмет на сериозна критика или отфрлање. Будно следејќи ги сите случувања и активни притисоци за носењето на овие закони, длабоко сме загрижени и доведени до ситуација да мора да го заштитиме и одбраниме семејството, а пред сѐ нашите деца, се вели во соопштението на Синодот.

Во соопштението уште повикуваат во, како што наведуваат, оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да им се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи.

-Заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзиното искоренување спомнат во член 23 точка 5 од Предлог-законот и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие закони, нагласува Светиот синод.

Претходна вестМногу се причините зошто мора да има избори есенва
Следна вестМоже ли на Водно да растат ненасадени дрвја?