Фудбалската репрезентација на Грузија од синоќа е главна вест во Европа, по нејзиниот прв пласман на едно ЕП, откако во баражот на пенали ја совладаа Грција и се пласираа на континенталниот собир летово во Германија.
Синоќа сѐ се случуваше на стадионот на кој Македонија избори пласман на ЕП 2020, но овојпат среќен крај имаше за Грузијците. И веднаш таа мала нација доби огромен број на симпатии насекаде, но беше и повод за обраќање на нашиот поранешен селектор Игор Ангеловски.
-Грузија вечерва заслужено слави. Ја победи Грција и испиша историја. Пласман на ЕУРО 2024 година, откако во минатото финале на Лига на нации загуби од Македонија. Честитки. Но, каде сме ние после историскиот пласман на ЕУРО 2020. Наместо да се бориме секој нареден циклус на квалификации да го подобруваме нашиот учинок го уништивме она што вреди носени од мотивите за личен профит и луѓе без капацитет на водечките позиции во ФФМ и на позицијата селектор на А репрезентација кои со својата нестручност успеаа да ја растурат најдобрата генерација во историјата на Македонија која бележела резултати и за тоа треба да им се “честита”.
Но, тоа не е се прокоцкаа шанса за пласман на Светско првенство каде 50% од работата им беше завршена. Сега слушаме изјави од селекторот кои ме загрижуваат бидејќи да изјавиш такво нешто треба да си надвор од мисловна активност или да бараш оправдување за сопствената немоќ. Резултатот е нешто што не можеш да смениш. Неинтелегентниот човек невозможно е да го поразиш со аргументи, напиша Ангеловски на Фејсбук.