МТСП: Неподвижното дете што мајка му го напушти е сместено во групен дом

Неподвижното 11-годишно дете што мајка му го оставила само во нивниот дом во Охрид, без надзор и храна, е сместено во мал групен дом, инфорира Министерството за труд и социјална политика информира.

„Стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11-годишното дете со церебрална парализа. За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом“, велат од МТСП.

Како што претходно објавивме, вчера, во полиција телефонски било дојавено дека С. В. (39) од Охрид, во својот дом на улицата Питу Гули, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син, кој бил неподвижен.

Од полицијата информираа дека против мајката ќе биде поднесена соодветна пријава

Претходна вестВо центарот на Скопје се запали автомобил
Следна вестНема конечен заклучок кој стои зад обоената вода на Вардар, инспекторите не утврдиле загадување