Му нашле пет кила дрога па се обидел да бега

На граничниот премин Богородица полициски службеници вчера ги лишиле од слобода Т.Ј.(24) од гевгелиското село Негорци и Н.И.(26) од Гевгелија. При царинска контрола во патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени околу пет килограми марихуана.

Како што информира МВР, Т.Ј. се обидел да побегне, но набргу бил фатен од полициски службеници.

Лицата се предадени на Царинската управа за натамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСДСМ: Мицкоски молчи за одлуката на Европскиот суд за човекови права
Следна вестАмериканците со ракета вредна половина милион срушија балон од 12 долари?