Муцунски бара Градот Скопје да го ревидира сообраќајното решение за улицата „Васко Карангелевски“

Општина Аеродром, во текот на денешниот ден, уште еднаш со писмено барање ќе побара надлежните институции да ги преземат потребните активности за решавање на проблемот со безбедноста на улицата „Васко Карангелевски“, соопшти денеска Тимчо Муцунски, градоначалник на Аеродром.

До реакцијата доаѓа по денешната сообраќајна незгода на оваа улица, кај крсртосницата кај ОУ „Љубен Лапе“ во која при сударот на две возила е повредена една жена.

Во соопштението се наведува дека по реакциите од страна на граѓаните на Аеродром, пензионерските здруженија, вработените и родителите на децата кои учат во ООУ „Љубен Лапе“, Општина Аеродром во изминатиот период во неколку наврати оствари комуникација со градската администрација во насока на решавање на проблемот со безбедноста на улицата „Васко Карангелевски“.

-Безбедноста на граѓаните е најважна и токму поради уште еднаш апелираме и бараме Министерството за внатрешни работи, Градот Скопје и градската администрација да преземат соодветни мерки за ревидирање на сообраќајното решение за улицата „Васко Карангелевски“, во насока на поставување на соодветна сигнализација со која се гарантира безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Оттаму потсетуваат дека реализацијата на проектот за улицата „Васко Карангелевски“ е целосна надлежност на градот Скопје.

-Општина Аеродром нема никаква надлежност во однос на сообраќајниот проект и сообраќајната сигнализација. Во таа насока Општина Аеродром, во текот на денешниот ден, уште еднаш со писмено барање ќе побара надлежните институции да ги преземат потребните активности за решавање на овој проблем, се наведува во соопштението.

Штета што овие аномалии општинскиот градоначалник не ги видел додека шетање по улицата за да види до каде е изградбата.

 

 

 

 

Претходна вестБитиќи определи најнов датум: До крајот на месецов мора да има решение за платите на функционерите
Следна вестМакедонски семејни винарии: На саемот во Белград освоивме 11 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали