Мухамед Бајрами е новиот тренер на Македонија Ѓорче Петров

После високиот пораз од Брегалница (1:4) кој беше продолжување на кризата за Македонија Ѓорче Петров клубот се раздели со тренерот Александар Таневски.

Веднаш по заминувањето на Таневски започна и потрагата по негов наследник, а денес од таборот на „лавовите“ потврдија дека Мухамед Бајрами ќе биде новиот тренер.

Бајрами му беше прв помошник на Таневски, меѓутоа сега ќе добие шанса како прв тренер да го води тимот. Претходно повеќе од една година тој беше играч-тренер во Шкупи, потоа и само тренер и немаше лоши резултати.

Во редовите на Македонија Ѓорче Петров пристигна пред два месеци како засилување за стручниот штаб.

Фото: Македонија Ѓ.П

Претходна вестАпасиев за изборна пресметка „сам на сам“ Левица vs СДСМ
Следна вестДИК: ВМРО-ДПМНЕ доби 20, СДСМ 9, ДУИ три и ДПТМ еден градоначалник во првиот круг