Мундијалот во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија

Светското првенство во фудбал во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија. Ова го потврди првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Иако денес беше последниот ден за поднесување писма со намери до Меѓународната фудбалска федерација за организација на Светските првенства во 2030 и 2034 година, Инфантино го потврди она што практично веќе беше познато.

Што се однесува до Светското првенство во 2030 година, потврден е интересот на Мароко, Португалија и Шпанија да бидат домаќини, заедно со Уругвај, Аргентина и Парагвај.

За 2034 година одлуката падна на Саудиска Арабија, која остана единствениот кандидат по повлекувањето на Австралија.

Претходна вестПостара жена физички нападнала вработена во „Градски паркинг“
Следна вестМаск: Сорос е мизантроп го мрази човештвото и сака да ја уништи западната цивилизација