МВР: 181 санкционирани прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот, информираат оттаму.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои 33 санкции за непочитување на брзината на движење, осум мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење на мобилен телефон при возење, 26 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Претходна вестНад 2 илјади повици на бројот за итни повици 112 во последното деноноќие
Следна вестЛевица: Забрана за монолитни и чисто етнички партии