Левица: Забрана за монолитни и чисто етнички партии

Партијата „Левица“ се залага за забрана на чисто етнички партии. Ова тие го посочуваат во соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

-Членот 11.4 од Уставот на Бугарија од 1991 година, во кој децидно е забрането формирањето на партии по етничка или верска линија, иако бил жестоко критикуван од Советот на Европа – Бугарија станува членка на оваа Организација во мај 1992, а во 2007 година станува и членка на ЕУ.

Според Мислењето на Венецијанската комисија од 2020 година, државите може да забранат политички партии кои се залагаат за промоција на само едно етничко малцинство, кога од политичкиот контекст во државата произлегува дека понатамошно поттикнување конкуренција помеѓу политички партии здружени врз основа на етничка или верска припадност е опасно.

Левица се залага за забрана на монолитни и чисто етнички партии и постоење само на идеолошки профилирани политички партии. Возможно е, но од народот зависи!, стои во соопшението кое го пренесува и лидерот на партијата Димитар Апасиев.

 

Претходна вестМВР: 181 санкционирани прекршоци во Скопје
Следна вестЛични документи ќе се издаваат денеска во Беко и МРТВ