МВР: Дојави за бомби добиени во осум скопски училишта

Дојави за подметнати експлозивни направи денеска се добиени во осум скопски училишта, соопшти МВР.

Во соопштението се наведува дека се во тек антитерористички проверки.

-Денеска (01.12.2022) околу 14.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведува МВР.

Станува збор за училиштата „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“.

Сите досегашни проверки на дојавите добиени во изминатиов период покажале дека тие се лажни.

„Скопско ехо“ веќе објави дека е во тек евакуацијата на учениците во гиманзијата „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Претходна вестНова дојава за бомба, се евакуираат учениците од гимназијата „Корчагин“
Следна вестГрад Скопје го раскина договорот со „Слобода Превоз“