Нова дојава за бомба, се евакуираат учениците од гимназијата „Корчагин“

Пред малку, нова дојава за бомба е добиена денеска во скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“. Во текот на втората училишна смена, околу 14 часот и 20 минути учениците добиле наредба веднаш да ја напуштат училишната зграда.

Се дознава дека имало дојава и во гимназијата „Никола Карев“ во Карпош. Не е познато дали се примени дојави и во други скопски училишта.

Ова е дојава после две недели пауза, кога на 16 ноември беа примени такви електронски проаки во седум скопски училишта. Тогаш, проверките покажаа дека тие се лажни.

Претходно, дојави биле примени и на 11 ноември во 4 скопски училишта. И во таа прилика, дојавите биле лажни. Пред нив, дојавите биле добиена на 9 ноември.

Првите дојави за подметнати бомби по скопските средни училишта биле добиени по електронска пошта на 26 октомври. По ова, дојавите стасувале и на  27 и 28 октомври, на 2 и 4 ноември при што, во просек, ги добивале од четири до осум училишта. Според првичните сознанија од истрагата дојавите биле испраќани по електронска пошта од Швајцарија, Австрија и американската држава Калифорнија.

Претходна вестУставните судии одлучија: Недела останува неработен ден, неосновани се наводите на Стопанска комора
Следна вестМВР: Дојави за бомби добиени во осум скопски училишта