И денешните дојави за бомби се лажни, потврди полицијата

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје. Ова го соопштија од МВР откако како што велат ги направиле сите потребни проверки.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението од МВР.

Претходна вестИлјадници Албанци ќе бидат протерани од Велика Британија
Следна вестТри лица повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – Тетово