Темен режим Режим на светлина

Три лица повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – Тетово

Синоќа во 21.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, во с.Желино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Ќ.С.(44) од с.Палатица и патничко возило „сеат толедо“, управувано од А.Т.(61) од с.Чифлик, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат толедо“, Џ.Р.(63) од с.Ларце, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

И денешните дојави за бомби се лажни, потврди полицијата

Следна објава

Бугарија пред нова криза, скоро две години не можат да изберат Влада