Хаосот околу наметнатото менување на пасошите уште трае, Многу гужви, а и нема доволно обрасци за патни исправи.
Зошто нема доволно обрасци во МВР?
Околу ова, секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР отвори истрага. Ќе се утврдува причината за збунувачката разлика помеѓу првично нарачаните 400.000 пасоши и неодамна доставените 20.000 обрасци.
Министерот Панче Тошковски вчера кажа дека заклучно со 18 овој месец, во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци за пасоши. Првичниот договор бил изменет со одреден акт во декември месец, па наместо 400 илјади, добавувачот имал обврска да испорача 22.000 обрасци.
–Во врска со договорот за набавка на патни исправи, ве информираме дека за истиот е отворена постапка при одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, соопштија од МВР, за ТВ Телма.
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев вчера изјави дека во Министерството за внатрешни работи стигнати се 20.000 обрасци, а до крајот на месецот се очекува да стигне дополнителна поголема пратка.
Тој тврди дека во МВР никој никого не саботира, а дента кога Тошковски застанал на министерската позиција стигнале 50.000 обрасци.
Ќе одговара ли некој за огромниот хаос и кршење на правата на граѓаните за слободно движење?