МВР: Повреден скопјанец пренесен во ГОБ „8 Септември“ откако со автомобил заврши во Вардар

МВР излезе со детали за автомобилот којшто утринава излета од мост во центарот на Скопје и заврши во водите на реката Вардар.

Во СВР Скопје изутринава во 07.23 часот е пријавено дека патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.К. (32), ја пробило заштитната ограда на мостот „Мајка Тереза“ и паднало во реката Вардар.

Како што соопшти МВР, В.К. е пренесн во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување на помош.

 

Претходна вестВо Белград се судрија камион и автобус, еден загинат и повеќе од 15 повредени лица
Следна вестПоетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Св. Софија“ во Охрид