Темен режим Режим на светлина

Во Белград се судрија камион и автобус, еден загинат и повеќе од 15 повредени лица

Едно лице загина, а повеќе од 15 се повредени во тешка сообраќајна незгода што се случила утрово во Белград, Србија. Српските медиуми пренесуваат страшни слики од местото на несреќата на кои се гледа како задниот дел од камионот го пробил автобусот кој од силината на ударот бил целосно уништен.

Според првичните информации, едно лице го загуби животот, пет се во животна опасност, додека најмалку 15 се повредени. Шест лица се пренесени во Ургентниот центар.

Сообраќајот на оваа делница е во прекин.

На терен е брза помош.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги тргнат рацете од синдикатите

Следна објава

МВР: Повреден скопјанец пренесен во ГОБ „8 Септември“ откако со автомобил заврши во Вардар