Темен режим Режим на светлина

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги тргнат рацете од синдикатите

СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

Власта да ги тргне рацете од синдикатите, да ги остави да се борат за работничките права. Она што гледаме дека повторно се случува е политичко мешање и притисок врз синдикатите од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ, порача денеска СДСМ.

Најголемата опозициска партија наведува дека ова значи гушење на гласот на работниците, на синдикатите, за да ги замолчи.

-Целта е да се подели синдикатот и да нема притисок никаков врз власта за погрешните политики и тоа што нема покачување на платите. Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше поголеми плати пред изборите на работниците сега станува јасно дека нема да го исполни ветувањето. Со оваа власт нема да има поголеми плати, се нагласува во партиското соопштение.

СДСМ додава дека со години реализираше успешен социјален дијалог, ги почитуваше и синдикатите и работниците а платите ги зголемивме во сите сектори.

-ВМРО-ДПМНЕ сега ја враќа политиката на злоупотреба од 2015 година. Работниците да бидат предмет на корупција а синдикатите предмет на оцрнување. СДСМ останува на страната на работниците, ние преку Собранието, но и преку сите демократски механизми кои ни се на располагање ќе вршиме притисок врз актуелната власта да ги промени погрешните политики, се наведува во партиското соопштение.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Со намалените цени за катастарски услуги парите остануваат во џебот на граѓаните

Следна објава

Во Белград се судрија камион и автобус, еден загинат и повеќе од 15 повредени лица