МВР предупредува: Кога продавате автомобил, прво земете ги парите, а потоа потпишете на нотар

Предупредување до граѓаните да внимаваат при продажбата на своите автомобили заради се почести измами упати денеска МВР. Во информацијата се наведува дека ваквите измами се зачестени, а полицијата презема мерки да ги расчисти.

Една од честите измами била прво да се склучи нотарски договор, а потоа да се одбегнува исплата на договорената сума.

При вршење на измамите, од страна на измамници се склучуваат нотарски договори без да бидат дадени пари на продавачот на возилото, притоа искористувајќи повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето. Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист. МВР презема засилени мерки за расчистување на пријавените измами, но апелираме до граѓаните да бидат внимателни да не склучуваат договори без да им бидат исплатени парите, наведено е во соопштението.

Претходна вестПриведено лице кое купувало со фалсификувани евра
Следна вестГрад Скопје го награди со 100.000 денари младиот боксер Ардијан Аземи