МЗ: 32 отсто од полнолетните во земјава примиле барем една доза вакцина

Триесет и два отсто од полнолетното население на територијата на целата држава е веќе имунизирано со барем една доза на вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Најголем опфат со прва вакцина има во Гевгелија 51% и Кавадарци 50.3% каде половина од населението е веќе вакцинирано. 48.1% од охридските жители се вакцинирале со прва доза, а по нив во 47.9% од населението кое живее во Неготино и околните места.

Граѓаните на Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза во процент од 46.3% и 46.7%. Понатаму, процентите на опфатеност со барем една доза на вакцниа опаѓаат во Берово 44.1%, Пехчево 43%, Штип 43.1% и Валандово 40.5%.

Помеѓу 30-40% има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Д.Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Прилеп, Крушево, Скопје и Пробиштип. Помеѓу 20-30% има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струга, М.Брод, Струмица, Тетово и Радовиш, а 19.9% опфат во Гостивар.

Поради зголемената заинтересираност за вакцинација Министерството претходно објави дека од утре се отвораат уште 4 нови пунка за вакцинација- во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров.

Заинтересираноста се зголеми откако Владата објави рестрикции за лицата кои не се вакцинирани.

Претходна вестПоради гужвите за вакцинација: Се отвораат четири нови пункта
Следна вестКазнети 204 пешаци – најмногу за преминување улица надвор од пешачки премин