МЗТ Скопје го победи Куманово 2009 на гостински терен. На вчерашниот меч Сино-белите водеа со дури 22 поени разлика.
Домаќинот водеше во првите две четвртини со околу четири поени разлика, но сепак не успеа да го победи својот ривал. Веќе во третата четвртина МЗТ се врати во полна сила по што постигна убедллив триумф.
Кошаркарот Кеандре Кук постигна 17 поени за МЗТ, а Дамјан Стојановски 14.
Најефикасен на натпреварот беше Марјановиќ од Куманово со постигнат 21 поен.