МЗТ Скопје вечерва против Широки на патот за враќање во АБА-лигата

Кошаркарските македонски шампиони од МЗТ Скопје вечерва ја почнува битката за кам-бек во силната регионална АБА-лига. МЗТ Скопје е домаќин на првата четвртфинална пресметка и тимот на Широки ќе го пречека во СЦ „Јане Сандански“.

Македонскиот првак влегува во оваа пресметка решително и мотивирано. Инаку, на последната средба која не беше толку одамна, Широки во последниот меч од регуларниот дел во АБА2-лига славеше со 82-79.

Плејофот се игра во две средби на вкупен кош-количник. Поради ова е исклучително важно МЗТ Скопје не само да дојде до победа туку и таа да биде изразена со што е можно поголема кош разлика.

-Плејофот е посебно натпреварување во кое сè е можно. Добро го познаваме тимот на Широки. Знаеме дека треба да играме цврсто и агресивно во двата правци од теренот. Ако го сториме тоа и заедно со големата поддршка од нашите верни навивачи, која сигурен сум дека нема да изостане, тогаш може да се надеваме на триумф. Дојдете заедно да го победиме силниот противник, истакна одличниот кошаркар – Војдан Стојановски.

Раководството на клубот одлучи влезот за натпреварот да биде слободен, па од таборот на „сино-белите“ се надеваат дека во 20 часот ќе добијат максимална поддршка од трибините.

Претходна вестЈакимовски: Ги дадовме „Сухоите“ и ракетните фрлачи но не се потрудивме да одат и земјоделските производи
Следна вестОбвинителството од Корча бара од македонските власти соработка во истрагата за двојно убиство